ЗА НАС

MАН (Македонска асоцијација на новинари) е основана во 22.11. 2002 година како независно професионално новинарско здружение сочинето од новинари, медиумски професионалци и вработени во медиумите.

МАН е единственото новинарско здружение во Северна Македонија со регистриран број членови, јавно пријавено до Министерството за информатичко општество и администрација.

Македонската асоцијација на новинари се грижи за остварување на новинарските слободи и права, слободата на говорот која е уставно загарантирана и со свои предлози учествува во изготвувањето на законите за медиуми.

Меѓу многуте активности во изминатите 20 години беше организирањето на протести против владата, судството и владејачките партии како одговор на насилството врз новинарите, систематскиот прогон и задушувањето на медиумските слободи.

МАН соработува со IAB (Меѓународно биро за рекламирање)

За време на глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19, МАН успеа да се избори за финансиска поддршка на медиумите и заедно со Здружението на новинари на Србија, успеа да обезбеди вакцини за медиумските работници додека владата склучуваше незаконски зделки за набавка на вакцини преку нелегални канали.

Во 2002 и 2003 година обезбедивме обука за новинари, репортери, видеографи и фотографи за известување од кризните подрачја.

Во 2004-05 година, обука на практиканти од Факултетот за новинарство

Во 2006 и 2008 година објавување книги за усогласување на медиумската регулатива со стандардите на ЕУ

Во 2012 година МАН учествуваше во реформите на Кривичниот законик со кој се декриминализираа навредата и клевета

Во 2013 година учествувавме во реформите на законите за медиуми, со кои беа донесени Законот за медиуми и Законот за АВМУ.

Во 2014 година организирање протести против политичкото насилство врз новинарите

Во 2016 година, обука на новинари за препознавање лажни вести

Во 2018 година, заедно со ИАБ, формиравме Регистар на легално регистрирани онлајн медиуми

Во 2018 година воведување на Водич за саморегулација на онлајн медиумите

Во 2019 година протести против гонењето на новинарите и медиумите

Во 2020 година обезбедивме правна помош на медиумите и новинарите кои се под кривично гонење од властите

Во 2021 година, заедно со УНС од Србија, акција за вакцинирање на новинарите и медиумските работници против Ковид-19.

Во 2022 година, спроведена Обука за заштита на лилни податоци со Дирекцијата за заштита на личните податоци.

СООПШТЕНИЈА