СТАТУТ

Врз основа на член 7, 15 и 18 од Законот за здруженија и фондации (Службен весник на РМ.бр.52/2010) на Собранието одржано на 16.03.2012 година – членовите на Собранието на Здружение на граѓани – Македонската асоцијација на новинари МАН – Скопје, со седиште на бул. Св. Климент Охридски ББ, Скопје и ЕМБС 5723345, согласно донесените одлуки на одржаното Собрание и согласно член 31 став 1 од Статутот преку својот Претседател на 16.03.2012 година го донесоа следниов пречистен текст на:
С Т А Т У Т на
Здружение на граѓани
– Македонската асоцијација на новинари МАН – Скопје –
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Македонското здружение на новинари, понатаму скратено МАН, Скопје е основано како професионална асоцијација на новинари од Република Македонија, врз основа на слободна граѓанска иницијатива, пристапување и делување.
МАН, има статус на правно лице и работи согласно Уставот, законите и прописите на Република Македонија, согласно Статутот на асоцијацијата, и актите кои од него произлегуваат.
Член 2
Седиште на МАН е во Скопје, на бул. Св. Климент Охридски, ББ – Скопје.
Целосниот назив е Здружение на граѓани – Македонската асоцијација на новинари МАН – Скопје.
Скратениот назив е МАН Скопје.
Член 3
МАН работи и делува во Македонија, а преку здружување со други професионални организации и надвор од земјата.
Член 4
МАН ја застастапува и претставува Претседателот.
Во негово отсуство, или по негово овластување, застапувањето и претставувањето го врши Генералниот секретар.
По одделни прашања, по овластување на Претседателот или Генералниот секретар, претставувањето го вршат потпретседателите, во рамките на дејностите кои ги водат во одборите на Асоцијацијата.
Член 5
Работата на МАН е јавна.
Секој акт на Асоцијацијата, освен податоци на членовите и податоците од сметката, кои се службена тајна, е јавно достапен.
За информирање на јавноста МАН ќе реализира соопштенија, прес конференции и јавни манфестации, како и јавно гласило.
Овластено лице за давање податоци од работата на МАН се Претседателот и Генералниот секретар на МАН.
Никој нема право да донесе одлука со која информации од редовната работа на МАН, освен посочените кои се службена тајна, се прогласуваат за јавно недостапни.
2
Член 6
МАН со своите сретства и имот одговара за обврските создадени во правниот и финансискиот промет.
Член 7
МАН има свој печат, во правоаголна основа на кој пишува: Здружение на граѓани – Македонска асоцијација на новинари Скопје – МАН.
На печатот стои и знак на асоцијацијата, отворена низа од спирални кругови и кратенка МАН, на кирилично писмо.
МАН има свој штембил со кој се заверува документација и коресподенција.
2. ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА АСОЦИЈАЦИЈАТА
Член 8
Целите на МАН се афирмација на слободното новинарство: слободниот и рамноправен пристап до информации, слобода во прибирањето, објавувањето, дискрецијата, коментирањето, автономијата и индивидуалноста во новинарската работа.
Иницијативи за унапредување на законите и прописите кои се однесуваат на јавното информирање и слободната работа на новинарите, и нивно прилагодување согласно европските норми кои се однесуваат на таа материја.
Освен тоа, целите се и: работа на обезбедување и почитување на работните, професионални права и обврски на македонските новинари во јавноста, пред институциите, во редакциите и пред надлежните судски и државни органи.
Прифаќање и примена на основните професионални стандарди, права и обврски кои се составен дел на Меѓународната асоцијација на новинари ( ИФЈ ), како и европската новинарска асоцијација ( ЕЈЦ ).
Член 9
МАН се залага за слободно, и професионално новинарство, со остварување на следните принципи:
– Почитување на слободниот избор на работа. – Почитување за правото новинарот да побара, добие и објави секоја информација со која располага и која ја смета за релевантна, на индивидуалност, став и коментар во новинарската работа. – Еднаквост на статусот на новинарот, без оглед на видот на неговиот работен однос. – Секој кој извршува новинарска работа мора да биде платен за тоа, врз основа на законски договор со редакцијата која објавува новинарски труд. МАН се залага за укинување на бесплатна работа врз основа на стажирања, обука и слично при што работодавецот пласира прозвод на новинарски труд без надомест. – МАН се залага за обврски на работодавецот новинарот кој извршува сложени и безбедносно ризични задачи, освен редовното, да има посебно осигурување од ризици. – Почитување на правото на новинарот да го чува и штити изворот на информирање, да го создава својот став кон информацијата, и да биде заштитен од самоволни измени на информацијата од страна на надреден уредник во процесот на подготовка и објавување на информацијата. – Никој нема право да дава квалификации, да суди или врши притисок на новинарот за карактерот и политичкиот или општествен контекст на неговите текстови или изјави. – МАН се залага за сите овие, и сродни права и обврски на новинарот, кои не се во конфликт со Уставот, законите и прописите кои се однесуваат на јавното информирање.
3
– За поттикнување на слободното и професионално творештво, МАН ќе доделува годишни награди за новинари, или редакции, како генерална награда, така и награди за поединци.
Член 10
МАН за развивање на своите активности, може да оснива регионални разграноци, да оснива фондации, да организра јавни трибини, и други дејности за остварување на јавно делување.
Член 11
Одлука за активностите донесува претседателството, кое одобрува работен план, а неговата реализација по дејности самостојно ја остваруваат работните одбори.
За делувања во областа на заштита на работни и професионални права, заштита пред судови и институции, МАН ќе формира правен совет од вантрешни и надворешни лица, со кој раководи Генералниот секретар.
3. ЧЛЕНСТВО И ОРГАНИЗАЦИЈА
Член 12
Пристапувањето во МАН е доброволно.
Истапувањето е врз основа на одлука на членот, освен во случаи наведени во точка 14 на овој Статут. Престанокот на членство стапува во сила и во случај на промена на професијата на членот, доколку две години непрекинато не се занимава со новинарската професија. Зачленувањето и евиденцијата се во надлежност на Претседателот и Генералниот секретар на МАН.
Член 13
Право на членство има секој новинар, без оглед на видот на работен статус, кој ја врши професијата најмалку една година, за што дава изјава во пристапницата.
Под новинар се подразбира секој државјанин на Република Македонија кој со текст, слика, аудио или видео запис учествува во создавање објавен новинарски труд во јавно гласило.
Право да биде биран и да врши функција во МАН, има секој новинар кој најмалку три години врши новинарска професија.
Претседателот или Генералниот секретар на МАН имаат право да побараат доказ за времето минато во професијата.
Член 14
МАН нема право и можност да исклучи член кој доброволно пристапил, и кој редовно плаќа членарина за своето членство согласно овој Статут, освен при следното:
Во случај на извршно судско решение со која членот се осудува за дела казниви според законот кој се однесува на работи во јавното информирање: поттикнување национална и верска омраза, повикување на насилно уривање уставен поредок, примање или давање поткуп со цел да се изврши влијание во информирањето и фалсификување службена исправа или документ употребен во работата на новинарот.
Во вакви случаи членството и функцијата во МАН престануваат по автоматизам, и во рок до 30 дена по добивање на такво Решение, Извршниот одбор на МАН ќе констатира престанок на членство, и ќе именува нов вршител на функција до наредното Собрание, доколку членот извршувал функција во Асоцијацијата.
Принципот се применува само за наведените дела. Функцијата во МАН престанува и ако членот кој врши функција, поради објективна спреченост, не е во можност истата да ја обавува подолго од 6 месеци во континуитет.
4
Функцијата во МАН престанува и со назначување или избор на функција во државен, партиски или судски орган.
Член 15
Секој член на МАН има право да дава иницијативи за работа, има право да бира, и да биде биран на функции во Асоцијацијата.
Секој член има право да побара и добие информација од редовното работење на МАН. За реализација на ова право задолжен е Генералниот секретар на МАН.
Член 16
Органи на работа на МАН се:
– Собрание – Извршен одбор – Надзорен одбор – Преседателство – Претседател
Собранието на Асоцијацијата може да донесе одлуки и за формирање други организациони тела.
Сите органи работат во согласност со Уставот, законите и прописите на Република Македонија, со овој Статут, како и актите кои од него произлегуваат.
4. СОБРАНИЕ
Член 17
Собранието е највисок орган на МАН. Собранието го сочиуваат сите членови на Асоцијацијата. Собранието редовно се свикува на пет години. По потреба Собранието може да биде свикано и порано. Со седниците на Собранието претседава потпретседател на МАН задолжен за одборот за правни односи и прашања. Тој именува и тричлена работна комисија за седницата.
Свикување на редовна седница на Собранието врши Претседателот на Асоцијацијата, или Генералниот секретар. Одлука за вонредна седница на Собранието донесуваат и членови на Претседателството, со најмалку два гласа, а свикувањето го врши Претседателот или Ген. секретар. Вонредна седница можат да свикаат и најмалку третина од членовите, за што го известуваат Генералниот секретар. Седници на Собранието се свикуваат со покани и доставен материјал за расправа најмалку 15 дена пред одржувањето.
Член 18
Седниците на Собранието се одржуваат доколку на нив присуствуваат над половина од членовите на Асоцијацијата.
Седниците се јавни.
На седница на Собранието одлуки се донесуваат со најмалку двотретинско мнозинство гласови од присутните.
До одлуките на Собранието важат претходно донесените.
Член 19
Дневен ред на седницата на Собранието предлага Претседателот или член на претседателството на МАН.
5
Седниците ги организира, верифицира присутност и квалификуваност на членовите, и води записник Генералниот секретар на Асоцијацијата со тричлена работна група.
Член 20
Собранието решава по следните прашања:
– Донесува и менува Статут и акти на Асоцијацијата.
– Именува и разрешува членови на другите органи.
– Расправа по прашања кои на дневен ред ги предлага Претседателот, или член на претседателството на МАН.
– Донесува одлука за престанок на работа на МАН.
Сите одлуки на Собранието се обврзувачки за другите органи.
Членовите на Собранието гласаат со тајно гласање.
5. ИЗВРШЕН ОДБОР
Член 21
Извршниот одбор раководи со работата на Асоцијацијата помеѓу две седници на Собранието. Мандатот на Извршниот одбор е 5 години.
Генералниот секретар на МАН ја организира работата на Одборот и тој е претседател на Извршниот одбор.
Член 22
Извршниот одбор се бира на Собрание на Асоцијацијата.
Извршниот одбор брои 9 членови, од кои еден е Генералниот секретар кој е претседател на Одборот. По овластување на Генералниот секретар, со седниците може да раководи и член на претседателството. Седниците се закажуваат најмалку 8 дена однапред, со доставување дневен ред до членовите на Одборот Седници на Одборот се одржуваат по потреба, и доколку на нив има над половина од членовите на Одборот.
Одлуките се донесуваат со двотретинско мнозинство од бројот на присутни членови на Одборот. На седниците на Извршниот одбор се гласа јавно.
Член 23
Извршниот одбор решава за следните прашања:
– Реализира одлуки, заклучоци и решенија на Собранието. – Донесува одлуки за формирање регионални ограноци, фонадации и доделување годишни новинарски награди за новинар на годината, фотографија на годината и прилог или репортажа на годината во електронски и пишуван медиум. – Одлучува по жалби на членови за статус во Асоцијацијата, решава оспорени Одлуки и Решенија на Претседателството. – Предлага измени и дополнувања на Статутот на МАН. – Носи решенија за потребна промена на седиште на МАН. – Донесува одлука за членови на работните одбори – Разгледува и одлучува по годишни извештаи за работењето кои ги доставува Преседателот на Асоцијацијата. – Извршниот одбор врши и функција на Суд на честа, институт кој според меѓународните
6
новинарски асоцијации е должен да расправа за прашања од областа на професионалната етика и морал, почитувајќи ги основните професионални и лични слободи на новинарот, но без право да се впушта во расправа и да дава политички оценки и квалификации за новинарската работа.
6. ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО
Член 24
Претседателството е раководен орган на МАН по сите прашања, на начин кој е уреден во овој Статут.
Мандатот на Претседателството е 5 години.
Со работата на Претседателството раководи Претседателот.
Претседателството работи како единствено тело, а делува во три работни одбори, поделени според дејности на Асоцијацијата.
Со секој од одборите раководи член на претседателството.
Член 25
Претседатеслтвото го бира Собранието на Асоцијацијата. Претседателството брои 4 членови: – Претседател на МАН – Потпретседатели, двајца, – Генерален секретар.
Член 26
Претседателството има четири работни одбори, оперативни работни тела на Претседателството, со секој од работните одбори самостојно раководи по еден член на претседателството:
– Одбор за соработка со домашни и меѓународни асоцијации од професионален и друг компатибилен карактер, со кој раководи Претседателот на Асоцијацијата. – Одбор за односи со јавноста, и за односи со домашни институции, организации и државни органи, со кој раководи Генералниот секретар. – Одбор за организација, задолжен за јавни трибини, промотивни акции и иницијативи на членови, со кој раководи еден од двајцата потпретседатели. – Одбор за правни, статусни и работни односи и прашања, со кој раководи еден од двајцата потпретседатели.
Член 27
Секој одбор самостојно расправа и делува во рамките на своите задолжувања и овластувања. Секој член на Претседателството има право да бара соработка и да дава иницијативи до одделни одбори. Претседателството има право на информации за работа на секој од одборите, како и да запира постапки, и донесува одлуки од област во која работи одборот.
Одлуките за тоа се донесуваат со три гласа од членовите на Преседателството. Претседателот на МАН, на свое барање, има право да присуствува и расправа по сите прашања на одборите.
Член 28
Одборите, по одделни прашања, се состануваат по потреба на предлог на член на одборот, на раководителот кој ја води работата на тој одбор, или на барање на Преседателот на МАН.
7
Член 29
Во секој одбор членуваат и уште најмалку двајца членови избрани од членството на МАН, без ограничувања дали имаат други функции во Асоцијацијата, освен ако се членови на надзорниот одбор, кои неможат да бидат едновремено и членови на Претседателството, или еден од работните одборите.
Секој раководител на одделен работен одбор самостојно избира членови, и соработници на одборот со кој раководи.
Во одборите можат да соработуваат и надворешни стручни лица кои се согласни на соработка и делување според Сатутот.
На седници на работните одбори не се гласа.
Претседателот на секој работен одбор донесува одлука по расправа со членовите на одборот, и за одлуката ги известува другите членови на претседателството пред да настапи реализација на одлуката која е донесена.
7. ПРЕТСЕДАТЕЛ
Член 30
Претседателот раковиди со работата на МАН помеѓу две редовни изборни собранија на Асоцијацијата.
Претседателот на МАН го избира Собранието.
Претседателот ја претставува и застапува Асоцијацијата дома, и во странство, во правниот и финансиски промет.
Мандатот на Претседателот е 5 години.
Член 31
Претседателот е потписник на сите акти на Асоцијацијата.
Во негово отсуство подолго од 7 дена, или по овластување, во тоа го менува Генералниот секретар.
Член 32
Претседателот на Асоцијацијата раководи со работата и седниците на Претседателството.
Претседателот може да свика седница на претседателството по потреба, а за одржување на седницата неопходно е присуство на најмалку тројца членови.
Член 33
Претседателство ги извршува и следните работи: – разгледува и задолжува задачи од област на работа на работните одбори од претседателството на МАН, – утврдува тековна политика на Асоцијацијата, -утврдува и реализира соработка на МАН во меѓународни асоцијации, и ја претставува Асоцијацијата во нив. – утврдува финасиски и работен план за тековна година, – по своја оценка свикува седници на Извршен одбор, и на Собранието на МАН, согласно Статутот, – утврдува и предлага членарина за членовите на Асоцијацијата, за што одлука донесува претседателството. – врши други работи и работни задачи согласно законите и прописите за раководење и претставување граѓански и професионални здруженија, кои не се утврдени со Статутот.
8
Член 34
Претседателот во својата работа може да користи соработка со стручни лица и надвор од членството на МАН.
За својата работа Претседателот изработува годишни извешати кои ги доставува до Извршниот одбор.
8. НАДЗОРЕН ОДБОР
Член 35
Надзорниот одбор го бира Собранието на МАН. Мандатот на надзорниот одбор е 5 години. Надзорниот одбор има три члена, Претседател на одборот и двајца членови. Надзорниот одбор се состанува на предлог на Претседателот на одборот. Надзорниот одбор решава со просто мнозинство.
Член 36
Надзорниот одбор ја надгледува работата на органите на МАН и нивната согласност со Статутот и актите на Асоцијацијата, како и со Уставот, законите и прописите кои се однесуваат на работата на слободни граѓански и професионални здруженија.
Надзорниот одбор врши организација и реализација на седниците на Собранието во соработка со Генералниот секретар на Асоцијацијата.
Член 37
Одлуките на Надзорниот одбор се обврзувачки за другите органи. Надзорниот одбор одлучува со просто мнозинство од членовите. На одлуките од Надзорниот одбор може да се даде жалба до Генералниот сектерар, кој свикува Извршен одбор. Извршниот одбор донесува второстепени одлуки.
При конфликт на одлуки со Извршниот одбор, претседателот на Надзорниот одбор доставува барање до Претседателот на Асоцијацијата кој е обврзан во рок од 30 дена да свика Собрание кое има право на конечна одлука. До седница на Собранието, свикано по овој основ, важат одлуките на Извршниот одбор.
9. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 38
Седниците на сите органи на Асоцијацијата можат да се одржат со лично присуство на членовите на тие органи, или пак членовите можат да добијат работен материјал во предвиден рок по кој можат да се изјаснуваат и со писмена одлука доставена до органот најмалку три дена пред седницата на тој орган.
Член 39
На покана на преседател на некој од органите на Асоцијацијата, на седниците на тој орган може непречено да присуствува и дава мислења надворешен стручен соработник кој на седницата нема право на гласање.
Член 40
За избор на сите носители на функции во Асоцијацијата решава Собранието, а мандатот им е 5 години.
9
Во случај на оставка на функција, или спреченост истата да се извршува согласно Статутот, Извршниот одбор именува времен извршител со полни права и обврски на тоа место. Избор на нов постојан член се врши од страна на Собранието, најдоцна за 12 месеци од денот кога е поставен времен извршител на функцијата.
Член 41
МАН организира бесплатна правна заштита од стручни лица на своите членови доколку делата се однесуваат на области од професионалното делување на членот.
Правната заштита се става на располагање на членот по негово барање, или по налог на Претседателот или Генералниот секретар, и без барање на членот.
Правната заштита во странство се органзира согласно можностите на Асоцијацијата.
10. ФИНАНСИРАЊЕ
Член 42
Работата на Асоцијацијата се финансира од членарина, профитни проекти, помош и донација од членови, надворешни соработници и други лица, фондации и институции.
За цел нормално финансиско работење, Асоцијацијата има своја сметка чиј потписник е Претседателот на Асоцијацијата.
За сите обврски во платниот, финансиски и правен промет Асоцијацијата одговара со својот имот и сретства.
Асоцијацијата неможе да користи сретства договорени со неовластено лице, или сретства кои поттикнуваат, насочуваат или обврзуваат на дејствија кои не се во согласност со Статутот. Сите обврски превземени на тој начин, Асоцијацијата не ги смета за свои, и нема обврска да ги надоместува и исполнува.
Со превземање обврски од тој вид се врши повреда на одредбите од Статутот. Доколку обврските ги превземало лице кои извршува функција во Асоцијацијата, Изврниот одбор носи одлука за негово менување, и именува времено друг носител на функцијата.
Член 43
Секој член на МАН плаќа членарина за реализација на основните обврски на Асоцијацијата.
Износот на членарината, и начинот на плаќање и евиденција, ги предлага Претседателот, а утврдува претседателството.
Членарината се плаќа годишно.
Членот го губи статусот ако доцни со плаќање на членарината подолго од една година откако изминала годината за која обврската е претходно регулирана.
Евиденција на членството, членарината и трошоците врши претседателството на Асоцијацијата, со задолжение на Претседателот на МАН и потпретседателот задолжен за правни и статусни прашања. МАН издава новинарска легитимација за секој член кој ќе го побара тоа, со важност на две години.
11. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 44
Работата на Асоцијата се регулира со Статут.
Статутот го донесува, и менува Собранието.
Одредбите кои не се содржани во Статуот ќе се утврдат со правилници, во согласност со Статутот. Правилниците ги донесува Извршниот одбор, по предлог на преседателството на Асоцијацијата.
10
Член 45
Сите одредби на Статутот и правилниците се во согласност со Уставот, законите и прописите на Република Македонија кои се однесуваат на работата на граѓански и професионални здруженија, како и областа на јавното информирање.
Во случај надлежен орган да утврди неусогласеност, или спротиставеност на одредби од Статутот или правилниците со законските одредби, Извршниот одбор носи одлука за нивно усогласување, по што Собранието ја потврдува одлуката на Извршниот одбор на првата наредна седница.
Член 46
Одлука за престанок на работа на Асоцијацијата може да донесе Собранието.
Во случај на престанок на работа, имотот и сретствата се отстапуваат на Црвениот крст на Македонија.
Член 47
Статутот на МАН стапува во сила со денот на неговото донесување, а ќе биде ефективен од денот на неговата евиденција во Централниот Регистар на РМ.
Скопје, 16ти Март 2012 година