Никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршење на својата работа!

Македонската асоцијација на новинари најостро го осудува инцидентот во кој беа нападнати медиумите Радио Слободна Македонија и Република за време на синоќешниот партиски собир организиран од СДСМ и СОРОС, како и нападот на неколкумина фоторепортери.

– Никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршење на својата работа. Сметаме дека никој не треба да прави вакви инциденти и да демолира простории на медиуми. Разликите да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но тоа да не резултира со напади и демолирање на медиуми, како и навреди, закани и насилство врз претставниците на медиумите. Сметаме дека е ова резултат на агресивната политика за која се залага раководството на СДСМ, се вели во соопштението од МАН.

Од Здружението бараат надлежните најостро да ги казнат сторителите.