Нападите врз новинарите се резултат на агресивната политика на СДСМ

Од македонската асоцијација на новинари апелираат разликите да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но тоа да не резултира со навреди, закани и насилсатво врз новинарите и нивните семејства.

Македонската асоцијација на новинари најосто го осудува инцидентот пред куќата на новинарот Јанко Илковски, како и физичкиот напад врз новинарот Антонио Димитриевски пред неговото работно место.

МАН смета дека никој не смее да им се заканува на новинарите за вршење на нивната работа, особено не на ваков начин и со инволвирање на најблиските од семејството.

Од македонската асоцијација на новинари апелираат разликите да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но тоа да не резултира со навреди, закани и насилсатво врз новинарите и нивните семејства.

МАН смета дека е ова резултат на агресивната политика за која се залага раководството на СДСМ и бара надлежните најостро да ги казнат сторителите.