Ивона Талевска
Претседател
Ивона Талевска е претседател на МАН избрана со апсолутно мнозинство на изборно Собрание одржано во јули 2018 година.
Претходно, таа беше член на Извршниот одбор на МАН.
Во 2002 година, таа е еден од 10-те новинари и уредници кои се основачи на Македонската асоцијација на новинари.
Ивона Талевска е доктор по економски науки.
Има магистратура по бизнис економија на Универзитетот Шефилд како еден од 10-те најдобри студенти во Република Македонија чие натамошно усовршување и едукација беше под покровителство на претседателот на Република Македонија.
Има дипломирано економија и политички науки.
Професионалната кариера ја започнува како репортер почетник во јавниот сервис МРТВ во 1997 година, во неколку месеци подоцна премине во новоформираната Канал5 ТВ.
Една година подоцна преминува во Сител ТВ како репортер, за подоцна да биде унапредена во уредник/презентер и заменик главен уредник, каде што е до денес.
Од 2006 до 2012 година е заменик главен уредник на дневниот весник Вечер, а во 2012 година станува главен уредник.
Основач и косопственик е на дигиталната групација во чии рамки во Македонија се најчитаните и највлијателните онлајн медиуми: Vecer.mk, Vesnik.com, Vesti.mk, Vreme.mk
Обуки и тренинзи:
– 2004 – Работилница на Амбасадата на САД за економско, деловно и финансиско известување
– 2004 – Курс за известување за различности
– 2003 – БиБиСи тренинг курс за новинари
– 1994- AISEC и Економски факултет Скопје, предмет „Однесување и комуникација во деловните односи“.
Во 2012 година, Ивона Талевска ја доби наградата за најдобар новинар на годината.

Цветин Чилиманов
Потпретседател
Дневен весник „Дневник“ – надворешно политички деск (1999-2004)
Дневен весник „Време“ – надворешно политички деск (2004-2008)
Дневен весник „Нова Македонија“ – внатрешно политичка редакција (2008)
Кабинет на претседателот на Република Македонија – одделение за односи со јавноста (2009-2012)
Македонска Информативна Агенција – дописник од Вашингтон (2012 – 2014)
Македонска Информативна Агенција – англиска редакција (2014 – 2018)
Интернет портал Република – англиска редакција (2018 – )

Ѓорѓи Какашевски
Потпреседател на МАН
Проф. д-р Ѓорги Какашевски е роден 1982 година во Скопје.
Високото образование го завршува на Универзитетот Св. Кирил и Методиј и тоа на Електро-техничкиот факултет.
На истиот факултет во 2009-та година магистрира на тема „Модел за евалуација на корисноста на системи за е-учење“, а во 2016-та година докторира на Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство на тема „Сервисно-ориентирана архитектура за рударење на податоци на Грид“.
За време на докторските студии посетува неколку реномирани Универзитети во Европа каде работи на проблематиката со врвни научници.
Својата образовна кариера ја започнува на Европскиот универзитет во 2006та година како помлад асистент, во 2008-ма продолжува на ФОН Универзитет како асистент, а денес како вонреден професор.
Предметите кои ги предава се од неговата наставно-научна област меѓу кои може да се издвојат: Интернет технологии, Веб развој, Бази на податоци, Оперативни системи, Паралелно процесирање.
Се јавува како автор на над 15 научно-истражувачки публикации објавени на меѓународни конференции.
Автор е на 6 книги меѓу кои позначајни се: Информатика за 5-то одделение, Информатика за 6-то одделение, Edubuntu Linux & Open Office. Дел од книгите се официјални учебници во државното образование, прирачници за наставници и универзитетски учебници.
Коосновач е на kariera.mk компанијата Кариера Онлајн која започнува да работи во 2016-та година со главна цел да стане централно место за кариерен напредок.

Александар Михаилов
Генерален секретар на МАН
Работно искуство
Односи со јавност, маркетинг и логистика во Adecco Personaldienstleistungen GmbH
Генерален секретар на Македонската асоцијација за новинари
Проектен менаџер, Интернет портал „vesnik.com“ и уредник во „vecer.mk“ во периодот 2017-2019 година.
Уредник на Интернет порталот „старт.мк“ во 2017 година.
Раководител на сектор, Министерство за транспорт и врски во 2016-2017 година во Македонија.
Мониторинг, Министерство за транспорт и врски во периодот 2015-2016 година.
Од 2012 до 2015 година е администратор во Министерство за информатичко општество и јавна администрација.
Диплома по економија, СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ во Скопје, Северна Македонија
Образование:
– PHP&MySQL, Seavus Education and Development Center во Скопје,
– Графички дизајн DIGIT – Дизајн и интерактивна графика во ИТ, ФИНКИ, СП Финки и Seavus Education and Developmentcenter