И во последниот извештај на Европската комисија за Македонија видна е лошата информираност за состојбите во медиумите, особено за вршењето притисоци, закани и напади врз новинари и медиуми, се вели во соопштението од Македонската асоцијација на новинари (МАН).
– Спротивно на поглавјето од Извештајот за медиуми каде претставници на ЕУ за Македонија информираат дека притисоци се вршеле врз двајца новинари блиски до опозицијата, јасно е дека во Македонија најмногу притисоци преку тужби, физички напади, јавни закани и попречување во професионалната работа вршат СДСМ и активисти на Сорос и нивни ограноци. Охрабрени од овој тенденциозен и заштитнички став од Европската унија кон нив активистите на СДСМ и фондацијата Сорос овие денови преземаат нови форми на притисоци, се вели во соопштението од МАН.
Во соопштението се посочува: „Џабир Дерала и неговата невладина Цивил поднесоа тужба против новинари од телевизија Сител за информации кои се темелат на официјални податоци. Активисти на СДСМ објавуваа фалсификувани фејсбук постови од новинари на порталот Курир и се закануваат со физичко насилство врз новинари од порталот“.
– Поради нивниот заштитнички и тенденциозен однос, канцеларијата на ЕУ и на ОБСЕ во Македонија ги сметаме за соучесници и покровители на притисоците, насилството, заканите и попречувањето во професоналното работење на новинари од страна на СДСМ и Сорос и нивните ограноци, се вели во соопштението.