За нас

Македонската асоцијација на новинари (МАН) е најголема и најзначајна асоцијација на професионални новинари во Македонија.

МАН е основана во 2002 година како професионална асоцијација на новинари од Република Македонија, врз основа на слободна граѓанска иницијатива, пристапување и делување. МАН работи и делува во Македонија, а преку здружување со други професионални организации и надвор од земјата.

Иницијатори за основање на МАН во 2002 година се новинарите:

- Мирка Велиновска, Драган Павловиќ Латас, Никола Младенов, Ивона Талевска и Дејан Николовски.

Целите на МАН се афирмација на слободното новинарство:

- Унапредување на новинарството.

- Одбрана на слободата на мислата и изразувањето.

- Заштита на новинарите и интересите на професијата.

- Јакнење на новинарската солидарност.

МАН се залага за слободно, и професионално новинарство, со остварување на следните принципи:

- Почитување на слободниот избор на работа.

- Почитување за правото новинарот да побара, добие и објави секоја информација со која располага и која ја смета за релевантна, на индивидуалност, став и коментар во новинарската работа.

- Еднаквост на статусот на новинарот, без оглед на видот на неговиот работен однос.

- Секој кој извршува новинарска работа мора да биде платен за тоа, врз основа на законски договор со редакцијата која објавува новинарски труд. МАН се залага за укинување на бесплатна работа врз основа на стажирања, обука и слично при што работодавецот пласира прозвод на новинарски труд без надомест.

- Се залага за обврски на работодавецот новинарот кој извршува сложени и безбедносно ризични задачи, освен редовното, да има посебно осигурување од ризици.

- Почитување на правото на новинарот да го чува и штити изворот на информирање, да го создава својот став кон информацијата, и да биде заштитен од самоволни измени на информацијата од страна на надреден уредник во процесот на подготовка и објавување на информацијата.

- Никој нема право да дава квалификации, да суди или врши притисок на новинарот за карактерот и политичкиот или општествен контекст на неговите текстови или изјави.

- МАН организира бесплатна правна заштита од стручни лица на своите членови.

Правната заштита се става на располагање на членот по негово барање, или по налог на Претседателот или Генералниот секретар, и без барање на членот.

Претседателот ја претставува и застапува Асоцијацијата дома, и во странство, во правниот и финансиски промет. Во негово отсуство подолго од 7 дена, или по овластување, во тоа го менува Генералниот секретар.

Претседател: Слаѓана Димишкова

Потпретседатели: Муртеза Сулооџа, Цветин Чилиманов, Петар Ѕалев

Генерален секретар: Драган Павловиќ Латас