Европскиот извештај за медиуми е правен на Бихаќка!

10 ноември 2015

Извештајот на Европската комисија е пристрасен, субјективен, едностран е уште во составувањето бидејќи не се контактирани новинарите кои се предмет на напади, и не соодветствува со реалната состојба во медиумите. Очигледно е дека одработуваат политичка агенда која ја финансираат нивните амбасади за проекти исклучиво во корист на СДСМ и нивните медиумски експоненти, притоа покажувајќи со прст во сите нас останати и државните институции како лошите момци, соопшти Македонската асоцијација на новинари, МАН.

Бидејќи воопшто не се погрижиле извештајот да биде целосен, туку е темелен само на информации добиени од СДСМ и активисти на фондацијата Сорос и во извештајот не се спомнува ниедна форма на притисок нити жртва од СДСМ: десетици неосновани тужби од СДСМ, закани од митинзи на новинари и медими, протести пред приватен медиум... Вкупно 10-тина напади врз новинари со физички повреди не се нотирани во извештајот на Европската комисија.

Нападот врз екипата на Сител, каде Ивона Талевска и снимателите завршија со видливи физички повреди на Клинички центар, нападот од Стојанче Ангелов врз новинарот и уредник на Нетпрес Дејан Николовски, физички или вербални напади врз водителите Јанко Илковски и Антонио Димитриевски, заканите и навредите од СДСМ кон новинарот на Сител Љупчо Златев, заканите по живот врз уредниците на Сител и весникот Вечер, Бобан Нонковиќ од Амон Мра, упадите во програмата од уличарите кои себеси се нарекуваат новинари, кршењето на Радио Слободна Македонија и упадот во неделникот Република и неколкумина други.

„Во изминатиот период имаше повеќе случаи во кои како оштетени се јавуваа новинари. Дел од случаите се расчистени, а на дел од нив сè уште се работи, односно полицијата постапува по наредбите на јавниот обвинител, којшто во одредени случаи веднаш беше информиран и даде насоки за натамошно постапување", изјави своевремено портпаролот на МВР Иво Котевски, кој прецизира дека досега ги расчистиле случаите со двата напади кој ги пријавил Илковски со предупредување и инцидентот меѓу Димитриевски и граѓанскиот активист Никола Наумоски.

За нападите врз Ивановски и последниот врз Стаменковски, МВР сè уште ги нема пронајдено сторителите, исто како и за џипот на Тричковски и нападот врз Талевска.