Никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршење на својата работа!

24 април 2015

Македонската асоцијација на новинари најостро го осудува инцидентот во кој беа нападнати медиумите Радио Слободна Македонија и Република за време на синоќешниот партиски собир организиран од СДСМ и СОРОС, како и нападот на неколкумина фоторепортери.

- Никој не смее да ги попречува претставниците на медиумите во вршење на својата работа. Сметаме дека никој не треба да прави вакви инциденти и да демолира простории на медиуми. Разликите да бидат предмет на дебата, разменување на мислења и идеи, но тоа да не резултира со напади и демолирање на медиуми, како и навреди, закани и насилство врз претставниците на медиумите. Сметаме дека е ова резултат на агресивната политика за која се залага раководството на СДСМ, се вели во соопштението од МАН.

Од Здружението бараат надлежните најостро да ги казнат сторителите.