image

Слаѓана Димишкова

Претседател

Дипломиран политиколог, магистер на правни науки. Работното искуство го стекнува како новинар и уредник во повеќе дневни весници „Нова Македонија“, „Вечер“, „Дневник“ како и во радиото „Слободна Европа“. Автор е на книги и натписи во многубројни стручни списанија, главно на тема слобода на изразување. Има работено како предавач по предметите „Слобода на изразување” и „Печатени медиуми”, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и Факултетот за комуникации и технологии при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Контакт: dimiskova@gmail.com

image

Драган Павловиќ Латас

Генерален секретар и претседател на Извршен одбор

Дипломиран политиколог, доктор на економски науки. Одговорен уредник е на националната телевизија „Сител“ и уредник во дневниот весник „Вечер“, каде долго време бил и главен и одговорен уредник. Работното искуство го стекнува во весникот „Млад борец“ и белградска „Дуга“. Има и искуство како маркетинг менаџер. Автор е на повеќе книги меѓу кои „КОС и УДБА“ публикувана во 2007 година, како и „Понеделнички“ во 2011 година.

Контакт: latas@live.com

image

Цветин Чилиманов

Потпретседател

Дипломиран политиколог, има работено во весниците „Дневник“, „Време“ и „Нова Македонија“ од 1999 до 2008 година. Поранешен дописник на македонската редакција на „Би-Би-Си“. Три години работел како советник за односи со јавноста во кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов. Од 2012 до 2014 беше дописник на Македонската Информативна Агенција од Вашингтон. Моментално уредник на англиската редакција на МИА.

image

Петар Ѕалев

Потпретседател

Дипломиран новинар. Вработен е во Македонската радио-телевизија од 1982 година каде имал повеќе функци и тоа како: одговорен уредник на првата програма на Македонската телевизија, одговорен уредник на информативната програма на МРТ, како и уредник на повеќе редакции. Работел и како хонорарен соработник во весниците „Вечер“, „Нова Македонија“, „Млад борец“, „Студентски збор“.

image

Ивона Талевска

Претседавач на извршен одбор

Дипломиран политиколог, доктор на економски науки. Главен и одговорен уредник на дневниот весник „Вечер“ и уредник во информативната редакција на националната телевизија „Сител”. Работното искуство го стекнува во националната телевизија „Канал 5“, како и во Македонската радио-телевизија. Автор и водител на бизнис магазинот „Бојата на парите“. Има искуство и како маркетинг менаџер. Успешно завршува повеќе тренинзи и курсеви организирани од амбасадата на САД, Економскиот факултет во Скопје.

image

Маја Дамјановска

Член на извршен одбор

Дипломиран новинар, постдипломец по маркетинг – менаџмент. Работното искуство го стекнува како новинар и уредник во економската редакција во националната телевизија „Сител“, а во моментов работи во националната телевизија „Канал 5“. Има работено и во маркетинг агенции, како и невладин сектор.

image

Дејан Николовски

Член на извршен одбор

Дипломирал на Педагошки факултет. Основач и главен и одговорен уредник на информативниот портал „Нетпрес“. Работното искуство го стекнува како новинар и уредник во дневните весници „Дневник“, „Вечер“ и „Време“.

image

Градимир Марковски

Член на извршен одбор

Дипломиран новинар, магистер по бизнис администрација. Работното искуство го стекнува во дневните весници „Вечер“ и „Дневник“, како и во телевизиите „Телма“ и „Алфа“ каде работи и во моментов. Како новинар, најдолго работи на темите од областа на внатрешно-политичката сцена.

image

Катерина Нешкова

Член на извршен одбор

Дипломиран правник со положен правосуден испит, и постдипломец по меѓународно право и меѓународна политика. Има работно искуство како новинар и уредник во неколку печатени македонски медиуми: „Време“, „Нова Македонија“, „Дневник“, како и во неделникот „Форум“. Беше уредник на еден од првите информативни портали „forum.com.mk“. Како новинар, најдолго работи на темите од внатрешно-политичката сцена, но има и неколкугодишно исксутво во секторите здравство и надворешна политика.

image

Ѓорѓи Томиќ

Член на извршен одбор

Дипломиран новинар. Во моментов работи како уредник на информативната редакција во националната телевизија „Канал 5“, а најдолго работно искуство има во областа на темите од надворешната политика. Работното искуство го стекнува и во радио „Нова“ како и во студентскиот весник „Став“.

image

Мартин Пушевски

Член на извршен одбор

Дипломиран новинар, со сертификати за учество на обуки организирани од ФЕЈС, Академијата на ЕБУ, Советот на Европа. Новинар во економска редакција, уредник и водител на Дневникот на Македонската телевизија. Во Националниот сервис е вработен од август 2009-та година, а од 2008та па се до јули 2009 година работел како новинар во економската редакција на „Канал 5 плус“.

image

Филип Момировски

Член на извршен одбор

Дипломирал oпшта и компаративна книжевност. Од 2005 година работи како новинар во економската редакција на националнатра телевизија „Сител“, а потоа и како уредник во бизнис вестите.